Земјоделците од тетовско се сретнаа со министерот Димовски
Министерот за земјодество, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски со неговиот заменик Зоран Коњановски и повеќе секретари во министерството во рамките на отворените денови денеска се сретнаа со повеќе земјоделци од тетовско.
На состанокот што се одржа во зградата на општина Тетово главни прашања од земјоделците беа за субвенциите за овците и предаденото млеко.
- Целта на овие отворени денови е да ги слушнеме проблемите на земјоделците и сточарите, да изнајдеме решение веднаш ако е можно, да ги промовираме нашите програми и политики, како и да слушнеме идеи и предлози од самите присутни за нивни подобрување. Од овие проекти би ги истакнал програмите за директна финасиска подршка односно субвенциите во сите гранки и програмата за рурален развој на неразвиените подрачја за која ќе бидат наменети околу 20 милиони евра, изјави министерот Димовски.
Коњановски посочи на неопходноста од директни разговори со земјоделците за решавање на нивните проблеми. - Особено ни е важно да посредуваме во дијалогот помеѓу производителите и преработувачите, рече заменик министерот Коњановски.
Во рамките на денешната посета на тетовско доцна попладнево ќе биде одржана и трибина во Прељубиште, Општина Јегуновце. Досега Министерството за земјоделие одржало вакви отворени денови со земјоделците во струмичкиот регион, како и со производителите од Ресен и Демир Хисар.