Премиерот Никола Груевски оствари телефонски разговор со помошникот државен секретар на САД, Викторија Нуланд
С О О П Ш Т Е Н И Е
Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски изутрина оствари телефонски разговор со помошникот државен секретар на САД, г-ѓа Викторија Нуланд.
Соговорниците го поздравија вчерашниот договор за решавање на политичката криза.
Г-ѓа Нуланд честиташе за лидерството кое беше демонстрирано и истакна дека САД останува стратешки партнер на Република Македонија во реализација на реформите, интеграциите и напредокот на нашата земја.
Премиерот Груевски ја истакна посветеноста на Владата за продолжување со реформите кои ќе значат унапредување на стандардите во сите сфери, економски раст и креирање на нови работни места.
Премиерот се заблагодари на г-ѓа Нуланд за американскиот придонес во обезбедувањето напредок на земјата.