Премиерот Груевски се потпиша во книгата на жалост за настраданите во Париз
Премиерот Никола Груевски денеска во француската Амбасада во Македонија се потпиша во книгата на жалост, која е отворена по повод терористичките напади во Париз во кои животот го загубија и беа ранети голем број недолжни граѓани.
Премиерот Груевски веднаш по терористичките напади испрати и телеграма со сочуство до својот француски колега во која истакна дека мислите и молитивите на македонските граѓани се со францускиот народ.
- Нападите во Париз се напади врз целото човештво, врз мирот и слободата и врз принципите и вредностите кои ги живееме. Тероризмот не смее и нема да победи, напиша Груевски додавајќи дека потребни се заедништво, солидарност и одлучност во напорите за елиминирање на оние сили кои шират терор и насилство и кои се закана за секоја држава.