Груевски: СДСМ знае дека ќе ги загубат изборите
СДСМ бараат начин како да се одложат изборите затоа што многу добро знаат дека ќе ги загубат изборите, изјави денеска премиерот Никола Груевски.
- Што се однесува до Државната изборна комисија (ДИК) она што го знам од разговорите со нашите претставници во Работната група не станува збор за кој да се избере кој да не се избере, станува збор за максимален, краен очаен обид на СДСМ ова да им биде причина за одложување на изборите коишто знаат дека ќе загубат. Тие не смеат јавно да кажат бидејќи ќе го демолираат своето членство. Но тие самите тие многу добро знаат дека ќе ги изгубат изборите и ова е последен крик на СДСМ како да се најде начин да се одложат изборите, рече Груевски одговарајќи на новинарско прашање во врска со најавената лидерска средба во вторник.
Посочи на разговорите во Работната група и неприфаќањето на СДСМ на предлогот на експерт Албанец на ДУИ и ДПА.
- Има потреба од договарање на тројца експерти кои би биле политички неутрални од кои двајца треба да се етнички Македонци и еден етнички Албанец. По многу перипетии, менувања на ставови на СДСМ и слично, тие предложија двајца Македонци коишто ВМРО-ДПМНЕ ги прифати и го затворивме прашањето за Македонците. И се најдоа во небрано, како сега да го одложат понатамошното договарање на комплетирање на ДИК и се фатија за претставникот што албанските партии го предложија заеднички и го прогласија за вмровец.Точно е дека ние како партија во последните години имаме се поголема поддршка помеѓу албанското население, но со тој човек немаме никаква врска, рече Груевски.
СДСМ, како што кажа, на тој начин се обидуваа да ја растурат работата за ДИК. - Само и само да избегаат од избори. Срамно е тоа што се случува. Незнам како не сваќаат дека губат со ова, губат и меѓу нивните, губат и меѓу нивните пдодржувачи. Сваќаат луѓето што е играта. Така што ќе се случува на лидерската средба се зависи од стратегијата на СДСМ за одлагање на изборите по секоја цена, рече Груевски кој денеска беше во посета на Општина Кисела Вода.