Груевски: Исполнети сите услови во СЈО да се чуват материјалите
Премиерот Никола Груевски смета дека се исполнети сите услови кои биле потребни претседателот на опозициската СДСМ Зоран Заев да ги предаде материјалите до Специјалното јавно обвинителство.
- Станува збор за хард-дискови со материјали кои СДСМ нелегално ги поседува, за чие чување не е потребно многу место, рече Груевски во интервју за ТВ Сител.
Според Груевски, обезбедено е се што е побарано од СЈО.
-За вакви хард-дискови е потребен сеф кој Владата го испорача до СЈО. Немаше барање, но дознавме од медиумите и веднаш испративме сеф. Потребно беше 24 часовно обезбедување, по што Владата го задолжи МВР за обезбедување на 24 часовно обезбедување. Двата услови се исполнети, посочи премиерот.