Божикна честитка од премиерот Груевски до Евангелско-Методистичката црква во Македонија
До: ЕВАНГЕЛСКО-МЕТОДИСТИЧКАТА ЦРКВА
Г-дин ЕМИЛ ЗАЕВ, Претседател
Почитуван г-дин Заев,
Дозволете ми Вам лично, на Вашето ценето свештенство и на сите верници на Евангелско-Mетодистичката црква во Република Македонија, од мое лично име и од име на Владата на Република Македонија, да Ви го честитам големиот Христијански празник - Божиќ.
Божиќ е празник на Божјата љубов, празник кој треба да нè потсети дека Бог во својата намера да го доближи човекот до себе, одлучи и самиот Тој да постане човек. Христовото раѓање е симбол на волјата Божја да сето небесно го соедини со сето земно и да испрати ѕвезда водилка која за навек ќе го осветлува патот кој е исправен и нужно потребен да има мир, радост и љубов помеѓу луѓето. Со бескрајна почит, во мир и спокој, со широко отворени порти во нашите срца и нашите домови и оваа година да ја пречекаме убавата вест за раѓањето на Исус Христос и да го прославиме големиот настан.
Ви посакувам убави празнични денови, многу љубов и топлина во Вашите домови, и многу радост и бериќет во Вашите семејства.
Нека ни е честит и за многу години големиот празник!
Христос се роди – Навистина се роди!
Со почит,
Никола ГРУЕВСКИ