Пуштен во употреба нов далекувод за енергетско поврузање на Македонија и Србија
Нов 400-киловолтен далуковод во должина од 70 километри кој ги поврзува преносните електросистеми на Македонија и Србија на потегот Штип - Врање пуштен е денеска во употреба. Инвестицијата вредна 11 милиони евра е стратешки проект на МЕПСО-Македонскиот електропреносен систем оператор, кој ќе придонесе за зголемена сигурност на електроенергетсакта мрежа и зголемена размена на електричната енергија во регионот.
На свеченото пуштање на 400-киловолтниот далуковод од трафостаницата во Штип до трафостаницата во Врање, Србија беа присутни диркторот на МЕПСО Синиша Спасов, извршниот директор на ЕМС - Србија Бранко Шумања, вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Директорот на МЕПСО Спасов истакна дека новата врска со соседниот српски електропреносен систем е голем чекор напред, особено затоа што на регионално ниво доминатни се физичките точки на електрична енергија низ Коридорот север-југ.
- Вклучвуањето на овој далекувод значи зголемена доверливост, подобрена стабилност, поголема можност за размена на електричната енергија меѓу системите, поефикасно оперативно планирање за стручњаците од системот на операторите и поле на размена на електричната енергија низ македонскиот и српскиот систем, рече Спасов.
Тој, додаде, дека врвни приоритети на МЕПСО е постојано да се зголемува сигурноста на работата на електроенергетската мрежа и да се зајакнуваат врските со соседните систем-оператори.
Спасов забележа дека преку зголемувањето на интерконективнот преносен капацитет на македонскиот систем се овозможува и зголемена размена на електричната енергија, со цел истата да стане подостапна за крајните потрошувачи и да влијае позитивно врз формирањето на цената на електричната енергија преку зголемување на конкурентноста кај продавачите на електрична енергија.
- Зошто ја одбравме оваа локација, зошто токму Штип. Оваа електроенергетска постројка е најсилниот доказ и блескав резултат на посветеноста, значењето, челичната волја и решеноста на колективот на МЕПСО. На ова место пред седум години имаше ледина, пасиште. Сега ова е најсветлата точка на нашата преносна мрежа, еден од најважните енергетски јазли во нашиот електропреносен систем. Точка во која македонски електропреносен систем директно се поврзува со систем - операторите на Бугарија и на Србија, а индиректно преку Дуброво е поврзан и со електропреносниот систем на Грција. Ова место е гранитниот темел на кој го поставивме и ја градиме светлата и просперитетна електроенергетска иднина на Република Македонија поврзана со електропреносните системи на соседните држави. Во овој електроенергетски објект влегуваат два нови далекуводи долги над 140 километри на македонска територија што не поврзуваат со Бугарија и со Србија кои се изградени од 2007 годеина до сега, рече Спасов.
Директорот на ЕМС Србија, Шумања истакна дека за енергетичарите нема поголем и поважен мост од интерконективниот далекувод од 400 киловолти како што е овој од Штип до Врање кој всушност ги поврзува преносните системи на Србија и на Македонија.
Шумања истакна дека српскиот електропреносен систем имаат вложено вкупно 50 милиони евра преку донации, а дел и од сопствени извори за изградба на овој далекувод вклучувајќи од Ниш до Лесковац, потоа од Лесковац до Врање и секако од Врање до Штип.
- Сакам да истакнам дека при работата користени се највисоките техничко-технолошки стандарди и се исполнети најстрогите урбанистички еколошки стандарди кои не биле воопшто мали. Верувам дека сличните бенефиции ги имаат и нашите македонски пријатели. Покрај се, би сакал да напоменам и да истакнам зошто овој проект е значаен во еден поширок контекст и поради што ја добивме поддршката од ЕУ. Првенствено добивање на еден енергетски мост односно интерконективна врска меѓу преносните системи меѓу двете земји која во секој поглед ги спојува и нашите два народи. Не смееме да го занемариме и значењето на телекомуникациското поврзување по пат на OPGW кабли кои се вградени во нашите далекуводи, рече Шумања.
Вицепремиерот Владимир Пешевски во своето обраќање истакна дека досега Владата има вложено 50 милиони евра во изградба на нови електро-енергетски објекти во модернизација на постоечките објекти на преносната мрежа.
Тој истакна дека во изминатите две години се изградени околу 210 километри нови 400 KV далкуводи, а воедно се реконструираа и ревитализираа околу 400 километри 110 KV далекуводи постари од 40 години.
- Со изградбата на 70 километри интерконектиран далекувод од Штип до Врање, Владата на РМ остварува уште еден проект кој што е ветен во програмата за работа за кои се инвестирани околу 11 милиони евра со поддршка на Светската банка. Реализацијата на овој проект во енергетска, но и во практична смисла е од огромно значење за Република Македонија. Со изградбата на 400 киловолтниот далекувод се овозможува и пристап до регионалните електроенергетски системи и се обезбедува зголемен коридор за пренос на електричната енергија до регионите во Македонија кои се енергетски увозно зависни, рече Пешевски.
Тој истакна дека со изградбата на овој далекувод Република Македонија моментално енергеткски е поврзана со четири соседни земји преку пет интерконективни енергетски врски.
Пешевски најави дека во следниот период ќе следи уште еден значаен енергетски проект, а тоа е изградбата на 400 киловолтниот далекувод кој ќе ги поврзе Битола во Република Макеоднија и Елбасан во Република Албанија. Должината на овој далекувод е проектирана на 95 километри проектот е со вредност од над 40 милиони евра, а воедно ќе се изгради и нова 400/110 KV трафостаница во Охрид со што со реализацијата на овој проект ќе са подобрат напонските услови во југозападниот дел на Република Македонија и ќе се придонесе за развој на регионалниот пазар на електрична енергија.
На овој начин ќе се комплетира енергетскиот Коридор 8 со што Македонија ќе стане енергетска крстосница на Балканот, рече Пешевски.