Честитка од Димитриев до српската заедница во Македонија по повод Свети Сава

Дозволете ми во свое лично име и во името на Владата, да Ви упатам најсрдечни честитки по повод празникот Свети Сава.

Делото на овој просветител има големо значење во културниот и духовен развој на српската етничка заедница, и тоа дело оставило и траен белег во негувањето и ширењето на христијанската мисла на балканските простори оставајќи зад себе вредности базирани на меѓусебното почитување, довербата и соработката.

Затоа ни претставува чест заеднички да го прославиме Денот на српската заедница во Република Македонија, која претставува значаен дел од нашето општество, и придонесува во општествениот, економскиот и политичкиот развој на нашата земја. Уверен сум дека српската етничка заедница и во следниот период ќе биде активно вклучена во сите мерки и активности кои се преземаат со цел обезбедување на економски раст и развој на земјата, подобрување на стандардот на граѓаните и реализација на реформите за подобрување на можностите во секоја општествена сфера, и дека со меѓусебно почитување и уважување ќе продолжиме да работиме за доброто на сите граѓани и за напредна и модерна Република Македонија.

Честитајќи Ви го празникот, Ви посакувам добро празнично расположение, среќна слава за сите граѓани кои овој ден го прославуваат како своја куќна слава, како и многу здравје, среќа и бериќетна 2016. година.

Нека Ви е честит големиот празник!

 

Емил ДИМИТРИЕВ