МНР Попоски: Од нашето членство во НАТО „колку добива Македонија, толку добива и Алијансата“
Безбедносна конференција во Будимпешта
Колку добива Македонија, толку добива и НАТО од членството на нашата држава во Алијансата е главниот заклучот од дискусијата на министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски во рамки на Конференција за безбедност организирана во пресрет на НАТО Самитот во Варшава, што се одржа денес во Будимпешта.
Министерот Попоски констатираше дека во поглед на регионалната безбедност, исто како и во поглед на безбедносните ризици поврзани со тековната криза околу приемот на мигранти во Европа, одложувањето на одлуките повлекува цена. „Оваа цена со сигурност ја сноси Македонија, но воедно и Алијансата. Поддршката за членство е сеуште висока, но кредибилитетот на овој процес ќе треба очигледно да се опоравува на подолг рок“, истакна министерот Попоски.
Шефот на македонската дипломатија учествуваше на конференцијата на покана на министерот за надворешни работи на Унгарија Питер Сијарто, а покрај нашиот министер, на настанот главни говорнице беа и министерот за надворешни работи на Словачка Мирослав Лајчак и Тед Вајтсајд, заменик-генерален секретар за јавна дипломатија на НАТО.