Спасовски се сретна со претставникот на УНХЦР во Македонија
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се сретна со претставникот на Канцеларијата на Високиот комесар за бегалци на Обединетите нации – УНХЦР во Република Македонија, Мохамед Ариф.
Како што соопшти МВР, Спасовски и Ариф имале можност да ја разгледаат состојбата и да разменат информации во однос на бранот бегалци и мигранти кои транзитираат низ Република Македонија кон западно-европските земји, имплементацијата на Законот за азил, околу актуелните предизвици и начините за решавање на бегалската, односно мигрантска криза, статусот на лицата со веќе признат статус на бегалци и во Република Македонија од претходната тнр. косовска криза и натамошната заемна соработка и координација.
На средбата, стои во соопштението, беше изразена силна подготвеност за продолжување на добрата соработка од двете страни.