Димитриев упати честитка по повод Меѓународниот ден на Ромите
Почитувани припадници на ромската етничка заедница,
Дозволете ми, во свое лично име и во име на Владата на Република Македонија, да Ви го честитам 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите.
Прославувајќи го овој празник го одбележуваме постоењето на една од најстарите заедници во Република Македонија – ромската заедница. Ова е ден кој ја обединува Вашата заедница и Ве потсетува на традицијата и на уникатната култура по која Вашиот народ е препознатлив. Таквата култура долги години наназад е составен дел од нашето општество и богатство во нашата мултиетничка и мултикултурна држава. Почитта која Република Македонија ја негува кон Вашата заедница, меѓу другото, се огледува и во јубилејната десетта година по ред во која 8 Април се празнува како национален празник на ромската етничка заедница во државата.
Честитајќи Ви го празникот, Ви посакам уште долги години да прославувате, Ви посакувам добро здравје, радост и љубов во секој од Вашите домови, благосостојба, напредок и развој во сите области кои се од Ваше значење.
Нека Ви е честит 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите!
Со почит,
Емил ДИМИТРИЕВ