Јавен oглас Бр.15/2025 за избор на директор на Инспекторатот за употребата на македонскиот стандарден јазик
Врз основа на член 22, член 23 и член 40 од Законот за употребата на мaкедонскиот јазик („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.21/2024) и член 27 став (3) и став (4) од Законот за инспекциски надзор („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.102/2019 , 272/2024 и 22/2025), Владата на Република Северна Македонија објавува
ЈАВЕН ОГЛАС Бр. 15/2025
за избор на директор на Инспекторатот за употребата на
македонскиот стандарден јазик
1. Владата на Република Северна Македонија, ќе именува директор на Инспекторатот за употребата на македонскиот стандарден јазик.
2. За директор на Инспекторатот за употребата на македонскиот стандарден јазик може да биде именувано лице кое ги исполнува следните услови:
1) Да има државјанство на Република Северна Македонија;
2) Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна затвор или прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност;
3) Да има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или има завршено VII/1 степен високо образование на студиските програми Македонски јазик или Македонски јазик и книжевност, со прв главен предмет Македонски јазик;
4) Да има најмалку шест години работно искуство по дипломирањето во областа на македонскиот јазик;
5) Да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик, не постар од пет години:
- ТОЕФЕЛ ИБТ – најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку ниво Б2 (B2),
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
- БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или
- АПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2);
6) Да поседува потврда за активно познавање компјутерски програми за канцелариско работење и
7) Да поседува лекторска лиценца.
3. За директор на Инспекторатот, може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнитените критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/prijava_za_oglas_1.pdf,
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/struktura_na_dopolnitelni_dokumenti_1.docx
4. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
1) Пријава по оглас;
2) Кратка биографија;
3) Мотивациско писмо;
4) План и програма за идна работа;
5) Уверение за државјанствона Република Северна Македонија;
6) Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна затвор или прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност;
7) Диплома или уверение за завршено високо образование со стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или има завршено VII/1 степен високо образование на студиските програми Македонски јазик или Македонски јазик и книжевност, со прв главен предмет Македонски јазик;
8) Доказ дека има најмалку шест години работно искуство по дипломирањето во областа на македонскиот јазик;
9) Меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик, не постар од пет години:
- ТОЕФЕЛ ИБТ – најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку ниво Б2 (B2),
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
- БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или
- АПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2);
10) потврда за активно познавање компјутерски програми за канцелариско работење и
11) Лекторска лиценца.
5. Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија Бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за избор на директор на Инспекторатот за употребата на македонскиот стандарден јазик “.
6. Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МЈА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
7. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страницата) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).
8. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 31/25).
9. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 15 (петнаесет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
10. Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
11. Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.