Димитриев: Исполнети се сите услови за одржување на изборите на 5 јуни
Претседателот на Владата задолжен за спроведување на изборите Емил Димитриев е убеден дека се исполнети сите услови за одржување на изборите на 5 јуни и оти Владата направила се што е во нејзина моќ за да се постигне тоа.
Овај го посочи во одговор на новинарско прашање при посетата на касарната Илинден во Скопје, каде положи цвеќе на Споменикот на загинатите припадници на полкот за специјални операции на АРМ кај Вејце.
Тој додаде дека Владата направи се максимум да помогне на институциите кои се одговорни за организирање на изборите. - Тука, истакна, првенствено мислам на нашата соработка со Државната изборна комисија (ДИК). ДИК од своја страна сработи се што требаше да биде сработено во делот на прочистување на Избирачкиот список и во делот на носење на Роковникот кој понатака ќе ги определува активностите врзани за изборите.
- Апсолутно сум убеден дека се исполнети сите услови за одржување на изборите на 5 јуни, потенцира Димитриев.