Дебата за Договорот од Париз и климатските промени
Процесот на приближување на националното законодавство со законодавството на ЕУ, доведе до многубројни начела во врска со мерките кои треба да се преземат за ублажување на климатските промени. Македонија е потписник на Парискиот договор за климатските промини, а со тоа продолжува и кон натамошните заложби за намалување на мисиите за стакленички гасови.
Ова денеска го истакна заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Арбр Адеми на дебатата по повод Меѓународниот ден за животна средина, во рамките на кампањата „ЕУ Разговори" на тема „Париски дговор-климатски промени и управување со водите".
- Македонија интезивно ги искористува ЕУ и ИПА фондовите како и другите билатерални донации. Во рамките на ИПА1 обработена е и подготвена оперативна програма за регионален развој за 2007 до 2013 година која има за цел да ја поддржи животната средина, подобрување на квалитетот на животот и економскиот развој. Во ИПА2 фондот според националниот стратешки документ за оваа област се предвидени средства од 113 милиони евра. Очекуваме во наредните месеци да ја добиеме финасиската спогодба, со што ќе ни се отвори вратата за понатамошна имплемнентација на тие активности, информира Адеми.
Амбасадорката на Франција Лоренс Оер истакна дека по потпишувањето на Договорот од Париз за климатските промени следува неговата ратификација, со конкретни чекори за имплементирање на мерки за борба против загадувањето и климатските промени во Република Македонија.
- Мораме да ги преземеме неопходните чекори за да го решиме проблемот со глобалното затоплување. Јас сум многу среќна, бидејќи овој проблем не може да биде решен без дебата. Благодарна сум на двајцата министри што го прифатија овој предизвик. На 4 јули во Париз ќе бидеме домаќини на уште еден самит, самит на Западниот Балкан, и планираме да ја ставиме животната средина при врвот на приоритетите за граѓаните, за регионот и за Европа, рече Оер.
Според министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети, средбата треба да придонесе за продлабочување на дебатата меѓу органите и невладиниот сектор во однос на климатските промени.
На дебатата учествуваа претставници од владиниот сектор, граѓанските организации и професори кои делуваат на полето на животната средина.