Министерството за правда и подари книги на Академијата за судии и јавни обвинители
Библиотеката на Академијата за судии и јавни обвинители доби од Министерството за правда 40-тина стручни странски публикации и научни изданија од областа на правото, преведени на македонски јазик.
Станува збор за книги што се дел од Проектот на Владата „Превод на 500 стручни и научни изданија“.
- Новите 40-тина наслови добиени како подарок од Министерството за правда имаат огромно значење, како за библиотеката, така и за нејзините корисници. Целта е унапредување на ефикасноста на правосудниот систем на Република Македонија и помагање на процесот на хармонизација на националното законодавство со легислативата на Европската унија, преку креирање на европски профил на судија и јавен обвинител, низ обука и усовршување на знаењата на носителите на овие две значјани функции, велат од Академијата за судии и јавни обвинители.