Известување од Дирекцијата за заштита и спасување за активностите во поплавените подрачја
Моментално ангажирани преку ДЗС
276 луѓе
85 пумпи
250 возила и механизација
Преку билатералните договори со сродните институции во регионот пристигна тимови од Србија и Бугарија кои веќе работат два дена.
Бугарија 26 луѓе 10 пумпи
Србија 10 луѓе со 10 пумпи дополнително денес 20 луѓе 25 пумпи
Косово денес 8 луѓе 4 пумпи
Активиран e механизмот за цивилна заштита преку тим на експерти за води и канализација кoj ке направат процена на ситуацијата и ке дадат препораки . Тимот се очекува да пристигне во текот на утрешниот ден 10-08-2016.
Активиран е Коперникус за сателитски снимки од каде се добиени првите снимки од погоденото подрачје кои би се користеле за попрецизно да се утврдат настанатите штети.
На терен се работи на испумпување на вода од зафатени куќи, расчистување на канали, улици, тротоари закрчени сообраќајници со наноси од кал и шут.
Превезување на флаширана вода.
Локации на кои се работи:
С. Стајковци, Сингелиќ, Камник, Црешево, Смилковци, Раштански пат, Булачани, Винце, Страчинци, Инџиково (улици Сава Михајлов, Антон Панов, Кристофер Жефаровиќ, Ѓорѓи Чоков, ОУ 25 Мај, Ресторан Лозана, Кругер Маркет)
Според податоците од МВР до сега се пронајдени 22 настрадани од водената стихија.
Извор: Дирекција за заштита и спасување