Димитриев: Владата функционира нормално и во полн состав
Владата функционира во едни специфични услови, меѓутоа функционираме согласно закон и без разлика што изборите поминаа и нема формирано нова влада, државата не може да престане да функционира и сето она што го претставува државниот апарат, рече премиерот Емил Димитрив, во Дневникот на Сител телевизија.
-Државата мора да ги обавува сите оние функции кои во крајна цел се во интерес на самите граѓани, исто така има и агенда за меѓународно претставување на земјата и владата функционира најнормално, одржува редовни седници и функционираме во полн состав и во владата учествуваат министри од сите политички партии кои што ја сочинуваат коалицијата и се така ќе функционираме додека парламентот не одлучи поинаку. Тоа е наша обврска, ние имаме одговорност кон граѓаните за сите секојдневни потреби да ги сервисираме мора да функционираат болниците, училиштата, да ги реализираме проектите кои што граѓаните ги чекаат и се неопходни, така да доколку продолжи ваквата состојба оваа влада ќе функционира и ќе ги сервисира своите обврски редовно кон граѓаните кои што го очекуваат тоа од нас, потенцираше Димитриев.
-Вие не можете да ги затворите очите дека имате сто или двесте илјади луѓе на улица, сега во овој момент е многу важно да се спомене дека темите кои што се отворија во јавноста не беа дел од предизборната кампања. Платформата во Тирана не беше дел од кампањата за да се придобијат граѓаните на оваа земја, вели во Дневникот на Сител, премиерот Емил Димитриев.
-После изборите видовме платформа и програма која класично изманипулира со граѓаните, СДСМ и Заев не сакаат да откријат што содржи таа платформа и не смее да се отфараат дебати за таа платформа, единствена дебата во моментов може да се води со граѓаните, а тоа е можно само преку нови избори и граѓаните да одлучат дали се за смена на името, знамето, јаикот и грбот на оваа земја. За мене единствена солуција за излез од оваа криза е одржување на нови парламентарни избори со отварање на сите прашања, бидејќи со овие прашања кои се содржани во платформата можат да дадат одговор само граѓаните на нашата земја, истакна Димитриев.
Тој вели дека е оптимист дека во скоро време ќе има нов претседател на Собранието.
Специјалното Јавно Обвинителство стана главен егзекутор на опозицијата кон сите структури што не мислат така, изјави премиерот Емил Димитриев во гостувањето во Телевизијата Сител.
Посочи дека СЈО како институција сама си го оспорува својот кредибилитет, бидејќи како што вели, СЈО е алатка за пресметка меѓу политичките партии.
– Досегашното функционирање на оваа институција е големо разочарување кај сите граѓани кои што можеби имале симпатии и очекувања кај оваа институција. Тие самите си ја срушија својата кредибилност, бидејќи СЈО не смее да се претвори во алатка во политичката борба меѓу политичките партии, потенцира премиерот.
Димитриев вели дека со СЈО се поставиле двојни стандарди поради висината на платата.
– Ние како Влада на годишно ниво одвојуваме 4 милиони евра. Со финансиската конструкција и помош која ја дава владата на оваа јавна институција, ние на еден начин воспоставивме двојни стандарди, од аспект на примање на плати итн. Дадовме повод за одредени институции оправдано да реагираат, и мора да реагираме кога оваа институција ќе ги надмине рамките на професионалноста и она што се нарекува владеење на правото, потенцира Димитриев.
Посочи дека СЈО покренува обвиненија кон една цела политичка партија, односно ВМРО-ДПМНЕ, се покренуваат обвиненија кон медиуми, што според него, значи директно вршење притисок врз слободата на медиумите.
-Се покренаа обвиненија против поединци и луѓе и интенцијата е да се покрене обвинение кон една цела политичка партија, односно ВМРО-ДПМНЕ, се покренуваат обвиненија кон медиуми, што значи директно вршење притисок врз слободата на медиумите. Сега имам информации дека се покренуваат обвиненија и кон партии од албанскиот корпус, што на еден начин влијае на прегрупирањето на силите во Парламентот и формирање на некоја идна влада, подвлече Димитриев.
Вели дека не постои ниту една оправдана причина за постоење на СЈО, откако на оваа институција ќе и заврши мандатот.
– Ќе се ревидираат одредени делови од Пржинскиот договор, бидејќи таму беше јасно утврден периодот до кога ќе функционира обвинителството и периодот после функционирањето на обвинителството, до кога треба да бидат покренатите обвиненија процесуирани. Тоа е дополнителен 5 годишен период до кога ќе трае таа судска процедура. Јас можам кажам дека не постои една оправдана причина да се продолжи мандатот на СЈО, истакна Димитриев.
Подвлече дека кредибилноста на Специјалното Јавно Обвинителство е тотално изгубена и дека треба да му се овозможи да го одработи предвидениот рок.
– Едноставно, кредибилноста е во таа мера изгубена. Сметам дека треба да му овозможиме на СЈО да си го одработи своето во предвидениот рок, согласно Законот и понатаму да се вратат процесите во нормалната правосудна процедура, истакна Димитриев.
Извор: ТВ Сител
http://sitel.com.mk/dimitriev-vladata-funkcionira-normalno-i-vo-poln-sostav