Сочувство од Димитриев до рускиот премиер Медведев

Почитуванa Екселенцијо,

Веста за грозоморниот терористички акт кој се случи во Санкт Петерсбург длабоко ме вознемири и растажи.

Во името на македонската Влада и граѓаните на Република Македонија, Ве молам примете ги изразите на најдлабоко сочувство и пренесете ги до семејствата на жртвите и до руските граѓани.

Терористичките закани не смеат и нема да го променат слободниот начин на живот без страв.

Република Македонија ќе продолжи да биде партнер на целата меѓународна заедница во борбата против тероризмот во која е потребен заеднички, координиран и одлучен одговор.

 

                                                                   Емил Димитриев