Одговори на новинарски прашања
Премиерот Заев за разрешувањето на Зврлевски, Очекувам експертско решение за републички јавен обвинител
П1: Со што ќе интеревнира централната и градска власт, кога се очекува да се расчисти овој нанос и да биде прооден патот?
Втората комисија која е за инфраструктурата, треба да ги направи проценките на штетите на инфраструктурата и да ја употреби целата механизација што и стои на располагање од државен апскет. Општината веќе интервенира со своите механизации со сите свои ресурси кои и стојат на располагање. Мислам дека и Дирекцијата за заштита и спасување е исто така вградена и вклучена со целата своја механизација која што може да помогне од овој дел на Македонија. Целта е да се искористат сите потенцијали што постојат во општеството, и државни и општински, за да може да ги решаваме проблемите на граѓаните.
П2: За колку време треба да се санира ова?
Штом комисиите утре веќе ќе бидат на терен, согласно одлуките на Владата, ние ќе можеме да ја дадеме уште посилната интервенција од страна на Владата. Навистина, Дирекцијата за заштита и спасување е веќе на терен, општината е на терен, сите се активни во тој дел, гледате и противпожарните станиц се на терен и државата со нејзино вклучување и верувам дека ден поскоро ќе се расчисти и ќе се враќа во нормала животот на граѓаните од Порој.
П3: Од која фела ќе биде заменикот на Зврлевски и дали поддржувате некоја од специјалните обвинителки да биде на негово место?
Јас мислам дека ниту јас ниту кој било политичар треба да има вмешување на политички амбиции во делот на идниот државен обвинител. Целта е да почнат реформите од секој аспект, од кој како што знаете едни од најзначајните се реформите во правосудството. Првото значајно исчекорување во реформите во правосудството, тоа е експертското решеније коешто треба да биде поставено на местотот државен јавен обвинител, од тука ќе покажеме колку навистина сме подготвени како општество да ги отпочнеме реформите, со конечен ефект независно правосудство, независно судство, и независно државно обвинителство. Јас не алудирам ниту размислувам за вакви решенија, ги очекувам решенијата да излезат на површина, согласно процедурите којшто ќе се одвијат тие процедури отпочнуваат штом заврши постапката за разрешување на државниот јавен обвинител, господинот Марко Зврлевски, јас се уште се надевам дека ќе го убрза или ќе го олесни процесот со поднесување на оставката. Ние денеска ја отпочнавме процедурата со барање на мислење до Советот на јавни обвинители за разрешување на господинот Зврлевски, верувам дека и тој е да ја вратиме правната држава, да ја вратиме на тоа да важи законот еднакво за сите да се вкучиме сите и да помогнеме на отпочнатиот процес, штом ќе бидат отпочнати процесите за номинирање или постапката за избор на државен обвинител ќе ја отвориме дебатата на многу транспарентен начин, очекувам експертски решенија, очекувам мотивација на квалитетни луѓе којшто ќе се фатат со костец, а ќе имаат шанса да испишат и своја лична историја преку историјата за Република Македонија во функција на враќањето на правната држава.
П4: За замениците министри?
Работните групи веќе работат.
П5: Имаше денеска најавено и лидерска средба, ни кажаа дека е одложена дали ќе има? Зошто е најавена?
Еден дел од лидерската средба се случи по телефон, еден дел од лидерската средба ќе се случи утре, но ние сме само тие што ги даваме насоките пред се во форма на формирање на работните групи и комисиите којшто треба да носат одлуки, час покоро да се номинираат функционерите којшто ќе ја преземат одговорноста во соодветните институции за да можеме да се зафатиме веднаш со работа. Имаме одлична соработка, меѓусебното разбирање е на високо ниво помеѓу сите партиципиенти и партнери во владеачката коалиција и верувам дека ќе изнајдеме максимално квалитетни решенија за сите позиции, водејќи се од императивот дека стручноста на човекот, подготвеноста да биде сервис на граѓаните, ќе биде приматот при одлучувањето за сите позиции.
П5: До каде е постапката за Чавков, за разрешување?
Постапката за Чавков ја очекуваме на некоја од следните седници, веројатно веќе на наредната редовно ќе се одржуваат секој вторник во 12 часот да разгледаме во функција на промена на раководните кадри во МВР, мислам на Директорот на БЈБ и на Директорот на УБК.
П6: За имињата на замениците министрти, до каде е процесот?
Почнаа разговорите јас дадов насоки на работните групи. Како премиер мене ми се важни овие позиции затоа што тие се дел од првиот тим на секој ресор, министерот, па заменик министерот, па после него е државниот секретар. Намерата не е заменикот да го заменува министерот, тогаш кога тој е надвор од државата, туку да опфати еден аспект од неговото функционирање во самото министерство и сите како тим да работат во изршувањето на задачите и исполнувањето на очекувањата на граѓаните. Насоките се дадени, квалитетни кадри очекуваме, не ми е важно која политичка партија или граѓанска група или експерт ќе биде на одредени места, важно ми е квалитетот на човекот што ќе биде даден. Согласно тоа очекувам силно одржување на првите луѓе во самите министерства во функција на побрзо решавање на проблемите на граѓаните.
П7: Има информација дека во понеделник ќе ја имате првата официјална посета во Брисел како премиер на Македонија, дали можете да ги потврдите овие информации?
Јас сум среќен веќе е потврдена информацијата веќе е заокружен секој сегмент на посетата, но тоа што се знае во функција на транспарентноста ќе го објаснам, веќе е потвредена посетата со комесраот Хан во моментот таа ни е најважна заради тоа што треба да го постигнеме договорот на првите реформиски приоритети со којшто ќе се зафати Владата согласно Прибе извештајот и итните реформски приоритети како и согласно извшетајот на Европската Унија, ние веќе тимовите сме подговтени со засукани ракаваи, подготвени да се втурнеме во процесот на работа се надевам дека ќе оствариме средби и со други високи претставници на Евопската Унија како што е Јункер, Туск, Могерини за да можеме генерално да ги сублимираме сите очекувања на високите институции на ЕУ за да работите којшто ќе се спроведат во РМ да бидат прецизни, точни, навремени, и согласно очекувањата на граѓаните, но секако и на ЕУ, така што еве првата официјална посета надвор од Македонија, моја на потпретседателот на Владата Бујар Османи, на Министерот за Надворешни Работи и некоклу други околку нас ќе бидеме во Брисел во ЕУ. Веднаш после тоа веројатно следува посета на една сосдните земји јас верувам дека ќе биде тоа Република Бугарија, зошто заради тоа што Република Бугарија ќе биде претседавач со ЕУ од први јанувари, а е целосно подготвена да и помогне на Македонија како свој сосед во интегративните процеси самите вакви најави значат засилена активност, сериозно мотивирана прво внатре во државата со помош на пријателите од ЕУ со помош на соседите на Р.Македонија да ја придвижиме силно Македонија кон полноправно членство во НАТО и ЕУ.