Премиерот Заев ќе ja предводи владината делегација на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Трст, Италија

Почитувани,

Ве известуваме дека на покана на премиерот на Република Италија, Паоло Џентилони, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ќе присуствува и ќе ја предводи владината делегацијата на Самитот на Европската унија за Западен Балкан, што се одржува во Трст (Италија) на 12-ти јули 2017 година.

Заинтересираните новинари, сниматели и фоторепортери за следење на активностите на владината делегација на Самитот, потребно е да се акредитираат (име и презиме, работна позиција, број на пасош, дата на раѓање и контакт телефон) во Секторот за односи со јавноста на Владата на Република Македонија на следната e-mail адреса: inf.sluzba@vlada.mk.

Краен рок за поднесување на акредитациите е сабота, 01 јули 2017 година, најдоцна до 11:00 часот.

Дополнително, на барање на Владата на Република Италија, новинарите задолжително ќе треба лично да се акредитираат за присуство на Самитот, овозможено преку следниот линк:

http://www.governo.it/articolo/vertice-dei-balcani-occidentali-trieste/7666

Нагласуваме дека трошоците за патувањето и сместувањето се на товар на медиумот.

Во функција на навремено извршување на резервациите за патувањето и престојот во Република Италија, Ве информираме дека работниот дел започнува на 12-ти јули 2017 година со почеток во 09.00 часот (економски бизнис форум на којшто учествуваат министри за економија или вицепремиери за економски прашања) а завршува во 21:00 часот.

Детална агенда со сите потребни информации медиумите навремено ќе добијат од Секторот за односи со јавноста на Владата на Република Македонија.

Учеството на Република Македонија на Самитот во Трст е од исклучително значење во насока на подобрување на регионалната соработка и зајакнување на односите со Европската унија како основни елементи за стабилност и просперитет на целиот регион.

Со почит,

Сектор за односи со јавноста