Средба на премиерот Заев со ракводството на Движењето БЕСА: Поддршка за реформскиот процес важен за граѓаните и за Македонија
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, попладнево се сретна со претставници на политичката партија Движење БЕСА, претседателот Билал Касами и пратениците Африм Гаши и Фадил Зендели.
На средбата, претставниците на БЕСА, на премиерот Заев му го честитаа преземањето на должноста преседател на Владата на Република Македонија.
Претседателот на БЕСА, Касами, соопшти дека партијата гo поддржува реформскиот процес којшто е особено важен за евро-атлантските интеграции на Република Македонија.
БЕСА, како што е најавено, ќе ги поддржи сите решенија на важни прашања од интерес на граѓаните. Заеднички се констатираше дека таквите прашања треба да бидат приоритет на секој одговорен политички субјект во државата.
Премиерот Заев соопшти дека е определен кон инклузивни политики и оцени дека ваквиот конструктивен став на партијата БЕСА е во насока на градење заедничка добра иднина, за државата и за сите граѓаните на Република Македонија.