Средба на министерот Поповски со амбасадорот Жбогар: Медиумските реформи ќе овозможат професионални медиуми во интерес на граѓаните
Министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, денеска се сретна со амбасадорот на ЕУ во Република Македонија, Самуел Жбогар.
На средбата се разговараше за неопходните медиумски реформи коишто се меѓу приоритетите во реформскиот акциски План 3 – 6 – 9 на Владата.
„Нашата цел е да овозможиме професионално работење на јавниот сервис, МРТВ, медиумите и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, затоа што граѓаните имаат право на објективни, навремени и точни информации“ рече министерот Поповски.
Министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Поповски нагласи дека за новиот Закон за медиумите Владата отвори широка дебата којашто ги опфаќа сите засегнати страни како и општествената јавност, а се земаат предвид и европските искуства.
На средбата е поздравена одлучноста на Владата за транспарентно и отчетно работење на владините и државните институции како европска демократска вредност и во интерес на граѓаните на Република Македонија.