Средба на вицепремиерот Анѓушев со амбасадорката на Германија Алтхаузер: Германија е најзначаен трговски партнер на Македонија, соработката во економијата продолжува

 

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. д-р Кристине Д. Алтхаузер и претставници од Германската развојна банка KfW.

Вицепремиерот Анѓушев се заблагодари за поддршката од германска страна за аспирациите на Република Македонија да стане дел од Европската Унија и за сите активности поврзани со поддршката на регионот на Западен Балкан.

„Владата има многу предизвици пред себе, но би сакала да посочам дека во Сојузна Република Германија ќе имате силен партнер и искрен поддржувач во реформските проецеси и развојот на Република Македонија“, посочи амбасадорката Алтхаузер.

На средбата стана збор и за тековни и идни проекти кои се реализираат со поддршка од KfW – германската развојна банка.

„Владата ќе го поддржи секој развоен проект, кој ќе придонесе до економски развој и повисока благосостојба на граѓаниtе. Во таа насока се надеваме дека со во соработка со Германската развојна бана KfW ќе реализираме проекти кои ќе бидат од бенефит за граѓаните“, потенцираше Вицепремирот Анѓушев.