Горан Сугарески, Министер за транспорт и врски
Горан Сугарески е министер за транспорт и врски во Владата на Република Македонија.
Официјален е-маил: | kabient.minister@mtc.gov.mk |
Фејсбук страна: | www.facebook.com/mtc.gov.mk |
Твитер профил: | |
Инстаграм профил: |
Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Магистрирал во сферата на политичките науки.
Во периодот од 2008 до 2016 година беше пратеник во Собранието на Република Македонија. Сугарески беше член Парламентарна делегација за соработка со НАТО и член на неколку собраниски каомисии, и тоа: Комисија за прашања на избори и именувања, Законодавна правна комисија, Комисија за одбрана и безбедност, и заменик член на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Од 2015 до 2016 година беше координатор на пратеничка група на СДСМ во Собранието на Република Македонија, а претходно и заменик координатор на пратеничката група.
Пред да биде избран за пратеник, Сугарески беше државен службеник во локална самоуправа, како и советник во Советот на Општина Прилеп.
Горан Сугарески активвно го познава англискиот јазик.
Роден е 1973 година.