Заев: Армијата на Република Македонија и Армијата на САД се партнери во обезбедувањето на мирот

Премиерот на Република Македонија Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, Заменик претседателот задолжен за европски прашања Бујар Османи, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и делегација на мисијата на НАТО во Република Македонија, придружувани од амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, денеска на Криволак извршија увид во вежбовните активности на заедничката воена вежба на Армијата на Република Македонија и вооружените сили на САД, насловена како „Драгун Гардијан 17“.

Во рамки на оваа вежба на армискиот полигон Криволак, инженериските единици на двете армии градат писта за беспилотни летала, која е прва од овој вид во Република Македонија.

Премиерот на Република Македонија Зоран Заев и Амбасадорот на САД Џес Бејли, ги поздравија заедничките активности на армиите, и ја потврдија стабилната соработка меѓу двете земји во однос на заедничките воени активности, во мировните мисии кои се одржуваат низ светот.

Заедничка констатација од оваа посета е дека ова е уште еден доказ за доследната определба на Македонија за исчекор кон полноправно членство во НАТО алијансата.

- Мене ми е посебно задоволство што војниците, вака учествувајќи во заеднички вежби, го отвораат и патот, на нашата Република Македонија, кон полноправното членство во НАТО. Јас сум горд заради тоа што, рамо до рамо, со добро истренирани војници од американската армија можат да ги спроведуваат сите активности – истакна во изјавата за медиумите премиерот Заев.

Овие вежбовни активности испраќаат уште една, многу вредна порака, а тоа е порака на соработка за обезбедување на мир во светото и за сите граѓани, додаде премиерот Заев во оваа прилика.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, за време на оваа посета истакна дека во соработка со Министерството за одбрана и Собранието на Република Македонија, се подготвува зголемување на буџетото на армиијата за да се создадат услови за подобрување на интероперабилноста на АРМ.

Оваа воена вежба започн со серија на вежби во Германија, каде што инженерите од двете армии имаа слични активности како оваа во Криволак, кои потоа продолжија да се реализираат во Романија и Бугарија, по што конвојот пристигна и во Македонија.

 

Изјава на премиерот на Република Македонија, Зоран Заев:

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

Навистина е големо задоволството кога ќе ја видите нашата армија, својата армија, како учествува со Армијата на Соединетите Американски Држави, на вежбовни активности кои што навистина се имплементираат насекаде во светот. Каде што нашите војници заедно со војниците на САД и војниците од земјите на Европската унија, се грижат за севкупниот мир во светот и, во исто време, го чуваат толку тоа што е драгоцено како што е природата.

Мене ми е посебно задоволство што војниците, вака учествувајќи во заеднички вежби, го отвораат и патот, на нашата Република Македонија кон полноправното членство во НАТО. Јас сум горд заради тоа што, рамо до рамо, со добро истренирани војници од американската армија можат да ги спроведуваат сите активности.

Криволак е навистина едно прекрасно место каде што можеме во иднина да развиваме инфраструктура за тренинг на нашите војници, кои што, како што знаете, учествуваат во мисиите на НАТО. Владата и Парламентот заеднички размислуваат за унапредување на буџетот на Република Македонија за да се усоврши интероперабилноста на нашата армија која што е важна прво за нас, но и за нашата севкупна подготвеност во мисиите во кои учествува АРМ насекаде во светот.

Ова што можевме денеска да го видиме, овие два типа на вежбовни активности, ме прават горд што имаме армија која што може да се носи рамо до рамо со професионалците од армијата на Соединетите Американски Држави.

 

Одговори на новинарски прашања,

Медиуми: Премиере, пред изборите цврсто се залагавте за прочистување на избирачкиот список. Сега повторно е вратен избирачкиот список од пред изборите. Дали сметате дека треба да се исчисти за да има демократски избори?

Заев: Државната изборна комисија и Министерствоот за внатрешни работи, користејќи ги искуствата од предходните избори, како и практичните искуства кои што се добиени од терен, имаат доволно елементи и алатки за прочистувње на избирачкиот список. Таа тенденција, Република Македонија ќе ја продолжи сè додека не го воведеме новиот модел е-voting, електронско гласање со фингерпринт, односно со отисок од прсти.

До тогаш, дефинитивно она што го видовме, а што се констатира како слабост на избирачкиот список, како што се илјадниците на граѓани што ја напуштиле државата и кои ги определивме под ѕвездичка, како и оние кои што се дуплирани во самите избирачки списоци, треба да се средат. Веќе се согледани од практичните искуства некои решенија, за кои што на најтранспарентен начин очекувам од Министерствот за внатрешни работи и од ДИК да бидат објавени, за да можат граѓаните целосно да му веруваат на избирачкиот список и за да можеме да кажеме дека имаме демократски и кредибилни избори.

Медиуми: Оваа вежба се погодува во иста недела со посетата на потпретседателот на САД, Пенс. Што очекувате од таа посета за Македонија?

Заев: Мене ми е драго што вака се поклопија работите и што вежбовната активност на Криволак се погоди токму пред посетата на вака висок претставник на САД, потпретседателот Мајк Пенс.
Ова само потврдува колку сме посветени кон интеграциите кон НАТО алијансата.

Оваа взаемна соработка е израз на нашата целосна посветеност и на нашата комплетна желба, час поскоро Македонија да биде рамноправна членка на НАТО.

Јас ќе ја искористам приликата и сигурно со потпретседателот Пенс ќе поразговараме за нашите идни планови и ќе ја побарам поддршката од САД, како и од другите земји членки на НАТО, да навистина и конечно, Република Макеоднија го направи тој долгоочекуван чекор да добие полнопправно членство во НАТО.

Оваа вежбовна актвиност, како што ме прави мене горд, верувам дека треба да ги прави горди сите граѓани на мирољубивиот свет, затоа што армијата се подготвува да го обезбеди и да го гарантира мирот во светот, како и да ја сочува слободата која што знаеме дека е драгоцена вредност која што мора да се чува.

Медиуми: Дали овие заеднички активности на македонската и американската армија, испраќаат порака до Русија дека Македонија е ориентирана кон запад?

Заев: Јас мислам дека сите во светот знаат кон каде е Македонија ориентирана. Уште еднаш само ќе потврдам дека ние сакаме соработка со сите земји. Но, нашето место е во НАТО, со полноправно членство и со полноправно членство во Европската Унија, и овде нема дилеми.
Овие вежбовни активности испраќаат многу вредна порака, а тоа е порака на соработка за обезбедување на мир во светот и за сите граѓани.

Медиуми: Дали очекувате Зврлевски да биде разрешен пред локалните избори?

Заев: Очекувам дури и побрзо, пред годишните одмори на пратениците, поради тоа што во друг случај тоа би било банално. Мислам дека процедурите се јасни. Верувам во ефикасноста на парламентот. Ефикасноста на Парламентот во донесувањето на одлуките ќе ја придвижи Македонија побрзо до своите аспирации, а дел од тие аспирации се конечно враќање на независното правосудство во Република Македонија, како една од најзначајните реформи кои што граѓаните на Република Македониј ги имаат воспоставено како цели пред себе.

Медиуми: Како се справувате со кочниците кои се инсталирани внатре во судскиот систем, поради кои веќе во моментов имаме двајца бегалци?

Заев: Јас верувам дека сите ние во Македонија секојдневно со своите постапки, без разлика дали се работи за одлуки на правосудството, за одлуки на Владата, на локалните власти, на Парламентот, за било кој дел од властите во Македонија, стануваме позрели и потрезвени. За жал, учејќи од грешките.

Јас се надевам дека грешки ќе има се помалку, затоа што во Република Македонија, како и во сите држави ни треба независно правосудство, кое што ќе одлучува исклучиво по устав, по закон и по сопствено убедување на судиите и никако поинаку.

Медиуми: Како го коментирате тоа што во Извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ влезе предводникот на протестите кои резултираа со крвавиот упад во Собранието?

Заев: Тоа само уште еднаш ја потврди тезата дека организацијата на крвавиот четврток, на 27 април, е навистина добро осмислена организација, со добра мотивација и со конечна цел, како што тогаш дефиниравме, за одземање на животи на пратеници од мнозинството. Драго ми е што тоа не се случи, но можам повторно да се вратам на таа теза што ја кажав: Нека биде поука за сите, никогаш повеќе да не се повтори. А оној што нема срам од тоа што го направи, навистина нека биде на показ на јавноста за неговите активности.