Средба на министерот без ресор Едмонд Адеми задолжен за дијаспората со заменик амбасадорот на В.Британија, Паул Едвардс: Градењето билатерални односи е клучен фактор за успехот на Македонија
Министерот во Владата на Република Македонија Едмонд Адеми, задолжен за дијаспората, вчера оствари средба со заменик амбасадорот на Велика Британија во Република Македонија г-дин Паул Едвардс.
На средбата стана збор за плановите и размислите за насоките кои што кабинетот за Дијаспора би ги презело во иднина.
Министерот Адеми истакна дека работиме на воспоставување односи со нашата дијаспора со цел истата да се почувствува дека таа има дом во кој што може да се врати.
Со оглед на тоа дека во Велика Британија има значителен број на иселеници од Република Македонија, министерот напомна дека е во контакт и соработува со Асоцијацијата на македонците во Велика Британија (АМУК) и дека се планираат заеднички активности со цел да се предлабочи соработката помеѓу Владата на Република Македонија и нашата дијаспора во Велика Британија.
Се истакна дека наредната 2018 година во Република Македонија се планира да се одржи Самит на министри за дијаспората, организиран од страна на Кабинетот за дијаспора, на кој би се разгледувале теми поврзани со дијаспората и нејзината улога во креирањето на политики.
Исто така Министерот ги информираше за Информацијата за Национална стратегија за соработка со дијаспората.
Амбасадорот истакна дека градењето билатерални односи е клучен фактор за успехот на Република Македонија. И дека и тие, од нивна страна работат на тоа, со стипендии за младите луѓе, меѓу кои и Шевенинген програмата, се со цел младите луѓе да станат идни лидери на својата држава.
Миграцијата е глобален процес кој што не може да се запре, според министерот Адеми, но доколку имаме соработка со сите чинители и ги искористиме нивните потенцијали, тоа ќе биде од голем придонес за државата и општеството во целина.