Министерот Едмонд Адеми задолжен за дијаспората се сретна со претседателот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, Неби Хоџа и со членот на Американско-израелската стопанска комора, Мамут Скендери
Министерот во Владата на Република Македонија Едмонд Адеми, задолжен за дијаспората, се сретна со Претседателот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, Неби Хоџа и со членот на Американско-израелската стопанска комора, Мамут Скендери.
На средбата министерот информираше за усвојување на Информацијата за потребата од изготвување Национална стратегија за соработка со дијаспората 2018/2023, каде кабинетот на министерот заедно со министерот го преземаа првиот чекор, вклучувајќи ги9 клучните прашања во однос на активностите, плановите и идеите за работата на министерот и за развој на соработката со дијаспората, но ја истакна и инклузивноста за време на изготвувањето на Стратегијата.
Исто така, ја укажа потребата за измени на легислативата за гласање на дијаспората и интензивирање на соработката со потенцијалните инвеститори на дијаспората, кои како што истакна, се чувствуваат обесправени пред странските инвеститори.
Претседателот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, Неби Хоџа е убеден дека Република Македонија ќе има рамноправен економски развој, како и посветувањето на Владата во економскиот развој треба многу повеќе да се истакне, бидејќи Дијаспората не треба да се гледа само од призма на парите и дека имаме моќна дијаспора, затоа треба да се помогне особено на младината која има потреба за поддршка и мотивација за да не ја напушта нашата земја.
Дијаспора има голем потенцијал за да инвестира во Република Македонија и поддршката на Македонија е повеќе од потребна, рече г-дин Мамут Скендери.
Министерот Адеми заедно со членот на Американско-израелската стопанска комора, Мамут Скендери разговараа за можноста за посебна конференција во 2018 година за развој и инвестирањето на Дијаспората во Македонија.