Сарачини: Очекувам 2012 година да биде добра за македонската економија

Министерот за економија Ваљон Сарачини очекува следната 2012 година на економски план да биде добра и да не се прелее должничката криза од европските економии во нашата.

- Економијата на земјите во кои имаме најголем извоз се наоѓа во тешка ситуација поради должничката криза со која се соочуваат. Се надевам дека тоа што помалку ќе се рефлектира на нашата економија, изјави Сарачини, одговрајќи на прашање по посетата на Стопанската комора на Северозападна Македонија.

Владата досега, нагласи, направи доста со антикризните мерки, доколку има потреба повторно ќе го  направи тоа.

- За следната година планираме намалување на царинските давачки на бројни производи, репроматеријали и суровини. Ќе се реализира вториот антикризен пакет, а тоа се инвестиции во инфраструктурата и ќе се намали стапката за социјални придонеси која до 2015 година се планира да стигне до 25,4 отсто. Следната година ќе ја имаме и новата кредитна линија на Европската инвестициска банка од 150 милиони евра, проектот извозен факторинг со кој преку Македонската банка за поддршка на развојот ќе се откупуваат побарувањата на домашните компании, како и многу други проекти, рече Сарачини.