Влада на РМ: Платени над 800.000 илјади евра за работници кои не оделе на работа
Внатрешната ревизија во рамките на Генерален секретаријат на Влада на РМ, утврди дека голем број лица од 166 до 80 (точниот број варира), кои биле вработени од страна на поранешниот генерален секретаријат, не доаѓале на работа, а примале исплата на финансиски средства односно плата.
Исплатата на платата според внатрешната ревизија е направена за неизвршена задача што е во спротивност со Законот за работни односи како и Законот за административните службеници.
Во 2016 година за 166 државни службеници кои не доаѓале на работа биле исплатени 50.776.872 денари или речиси 830.000 илјади евра, со што, за истата сума, е оштетен буџетот на Република Македонија.
Владата на Република Македонија во согласност со наодите од извршената ревизија, формира комисија и отворена е дисциплинска постапка против вработените лица, која, во согласност со Изборниот законик, својата работа ќе ја продолжи по завршувањето на локалните избори.
Владата на Репеублика Македонија упатува дека постои можна одговорност и кај работодавачот и кај работниците.
По завршување на дисциплинската постапка владата ќе ја информира јавноста за понатамошнитот тек на постапката.