За три дена постигнат договор со тутунарите и со оризопроизводителите со историски највисока цена за предаден тутун и оризова арпа по килограм

Почитувани,

За прв пат после 7 години, постигнат е историски договор со тутунопроизводителите.

По разговорите со откупувачите на тутун и тутунопроизводителите се донесе одлука за зголемување на цената откупен тутун по килограм од 400 денари, како и дополнително 100 денари субвенции. Ова значи дека секој тутунар ќе добие по 500 денари за килограм тутун.

После долги години на понижување, омаловажување, тутунарите го добиваат заслуженото.

Владата преку низа на мерки и проекти ги решава наталожените проблеми со кои се соочуваат тутунарите.

Само три дена претходно Владата по интензивни средби со оризопроизводителите донесе одлука да се поддржи откупот со по 6.000 денари за 1.000 килограми откупена оризова арпа наменета за извоз, како и субвенции од 18.000 денари од хектар за тековната година.

Со ова директно помагаме на земјоделците и ги вреднуваме нивната мака и труд.

Земјоделците заслужуваат пристојни услови за живот.

Го враќаме достоинството на македонските земјоделци и се грижиме за нивните барања.

Продолжуваме посветено и одговорно да носиме одлуки во интерес на сите граѓани.

Со почит,