Премиерот Заев за големиот празник Богородица: Со вербата, грижата, добрината, меѓусебната почит, градиме општество на среќни луѓе
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска во Струмица им го честиташе верскиот празник Успение на Пресвета Богородица на сите православни хрстијани во земјата.
Во својата честитка премиерот истакна:
Дозволете од оваа локација, од храмот на Пресвета Богородица во Струмица што е во изградба, да им го честитам на сите православни христијани во Република Македонија празникот Успение на Пресвета Богородица.
Ова е еден од нашите поголеми христијански празници кога треба да сме во нашите цркви, со нашиот народ, за да споделуваме христијански вредности. Споделувањето на христијанските вредности значи дека сме добри луѓе, кои сакаме да си помагаме, меѓусебно да си пружиме рака и заедно да се надеваме на подобра иднина на сите нас.
Македонија е сè што имаме, а нашата црква е нашиот покровител, надевајќи се дека овие празници ќе ни ја вратат добрината во душата за да продолжиме да бидеме пред сè добри луѓе. Нека ни е честит празникот, Успение на Пресвета Богородица, истакна премиерот Заев во својата честитка по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.