Се намалува цената на систематските прегледи за вработените од 1.200 на 800 денари
Систематските прегледи што вработените според закон ги прават еднаш годишно, од наредната година ќе чинат 800 денари, наместо досегашните 1.200.
Ова го најави премиерот Никола Груевски, посочувајќи дека ова е еден од чекорите што се прават за да се помогне на компаниите во делот на олеснување на обврските.
- Тоа досега беше трошок и натаму ќе биде, но за една третина помал од досега така што ќе помогне особено за компаниите кои имаат поголем број вработени и за кои овој трошок е поголемо оптоварување. Планираме и други такви чекори, изјави премиерот Груевски.