Средба на премиерот Заев со претседателот на словенечкиот Парламент, Брглез: Добро е да се види некој со визија, Словенија го префрлува фокусот на Македонија, време е Република Македонија да влезе во НАТО

 

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со Милан Брглез, претседател на Државниот збор на Република Словенија, придружуван од словенечка парламентарна делегација како и од словенечкиот амбасадор во Македонија, Милан Јазбец.


„Ви честитам за сè што постигнавте по политичката криза и за успешните позитивни промени што се случуваат внатре во државата, во односите со соседите и на меѓународен план, добро е да се види некој со визија кој сака и може да ги движи процесите напред, порача на премиерот Заев, претседателот на словенечкиот Парламент, Брглез, кој донесе уште една конкретна порака од Словенија.


„Република Словенија останува силен поддржувач на развојот на Македонија, ќе помогнеме во евро-атлантските интеграции, фокусот од Црна Гора го префрлуваме на Македонија, сега е време Република Македонија да влезе во НАТО“, порача словенечкиот претседател на Парламентот, Брглез.


Претседателот на Владата на Македонија, Заев, се заблагодари во име на граѓаните на Република Македонија и на државата, за пријателската, принципиелна и конструкивна поддршка од Република Словенија.


- Го заокружуваме успешно првиот дел од реформскиот План 3-6-9. Владата и институциите, во соработка со граѓанското општество и со пријателите на Македонија од ЕУ и НАТО работат посветено за да осигураат квалитетен живот на граѓаните и заедно со тоа, низ добрососедската и регионална соработка, реализација на стратешките евро-атлантски цели, рече премиерот Заев.


Претседателот на Владата, Заев повика на охрабрување на словенечките биснисмени да инвестираат во Македонија, за што е има заедничка согласност дека е можно низ отворените шанси за интензивирање на економската соработка меѓу двете земји.


На средбата се поздравени инклузивните политки на новата Влада и почитта што ја покажува кон работата на Парламентот како посебна, закондавна власт што придоесуваат кон изградба на едно стабилно општество за сите граѓани во Република Македонија.