Џастин Трудо до премиерот Зоран Заев: Канада останува на поддршката на Македонија за членство во НАТО и се надевам на соработка во остварувањето на нашите заеднички приоритети

Премиерот на Канада, Џастин Трудо, упати писмо со честитки за изборот за Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев. Изборот за премиер на вашата земја доаѓа после еден тежок транизициски период, наведува во писмото канадскиот премиер.


Премиерот Трудо истакнува дека Канада го поздравува формирањето на новата влада, и во име на неговата земја, изразува надеж за плодна соработка во иднина.


Сигурен сум, порачува во своето писмо канадскиот премиер, дека ќе продолжите да ја водите вашата земја со чест и одговорност достојни на поддршката на народот на вашата земја, кон светла иднина заснована на најавените реформи, на европските аспирации, и на заложбите за регионална стабилност. Канада и понатаму продолжува со поддршката на амбициите на Македонија за членство во НАТО и го очекуваме денот кога ќе ви посакаме добредојде во алијансата.


Ви ги испраќам моите најдобри желби за успех во остварувањето на вашата владина програма, и се надевам дека ќе имаме можност за соработуваме во остварувањето на нашите заеднички приоритети, се вели во писмото од премиерот на Канада, Џастин Трудо, до Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.