Денес премиерот Заев во Њујорк ќе учествува на Глобалниот бизнис форум на Блумберг и ќе оствари средби со високи функционери на ЕУ
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, во рамките на активностите за време на годинешното Генерално собрание на ОН, денеска ќе учествува на Глобалниот бизнис форум на Блумберг, на кој ќе учествуваат шефови на држави и влади, како и претставници на најголемите светски компании.
Во текот на денот, премиерот Заев ќе има билатерална средба со еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, а ќе присуствува и на вечерата што ја приредува Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини.
Шефот на владината делегација во Њујорк, премиерот Заев, ќе присуствува и на приемот во организација на премиерот на Хрватска, по повод 25 годишнината од членството на оваа земја во ОН.