Министерот Шапуриќ посети повеќе компании во радовиш
Министерот Зоран Шапуриќ, посети 5 компании во Радовиш.
На средбите се разговараше за работењето на овие компании. Притоа, на менаџментот на компаниите им беше презентирана определбата на Владата за поттикнување на нови инвестиции и извоз на производите од домашните претпријатија, кое ќе биде неселективно и транспарентно. Од страна на раководството на компаниите беше искажан особен интерес за овие мерки и изразија задоволство од внесувањето на истите.
Исто така компаниите ги изнесоа проблемите со кои се соочуваат овие компании при што министерот Шапуриќ појасни дека истите ќе бидат презентирани на Владата, и ќе се работи на нивно што поскоро решавање.