Согласно информацијата на Владата од јули 2017, со донесената одлука за формирање на Национален комитет за спречување на насилниот екстремизам и борба против тероризам инкорпорирани и во планот на Владата 3-6-9, на 29.09.2017 година, во Свечената сала на Владата на Република Македонија, се одржа прв координативен состанок, во организација на националниот координатор г-дин Борче Петревски.
Состанокот го отвори Заменик претседател на Владата на Република Македонија, г-дин Оливер Спасовски, кој во своето обраќање истакна дека со овој концепт се отвора нова страна во борбата против тероризмот и насилниот екстремизам во Република Македонија, и ја нагласи потребата за поголема координација и вклученост на сите институции од системот. Исто така, ја нагласи потребата од рана превенција на современите безбедносни појави и ги истакна заложбите за донесување на две национални стратегии, со пропратни акциски планови.
Понатаму Националниот координатор, состанокот го продложи со претставување на новиот концепт на координација на институциите и нивните активности во насока на поуспешно и поефикасно справување и превенција од насилниот екстремизам и тероризам. На членовите на Комитетот од страна на коориднаторот и двајцата заменици им беа презентирани досегашните активности и планови за организација на работата на истиот. Воедно беше презентирана и новата рамка за идни активности и обврски кои ќе бидат преземени од страна на координативното тело и сите членови на Националниот комитет.