Писмо со сочувство од премиерот Груевски до семејството на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров

Со жалење ја примив веста за смртта на Вашиот близок, и прв претседател на Република Македонија, г-дин Киро Глигоров.

Во овие тажни мигови за Вашето семејството, од име на Владата на Република Македонија и од свое лично име, споделувајќи ја Вашата болка и загуба, сакам да Ви ги пренесам изразите на искрено сочувство.

Киро Глигоров, како учесник во Народноослободителната и Антифашистичка борба и секретар на иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ а подоцна и член на Президиумот на АСНОМ, и како прв претседател на самостојната и независна држава, ќе остане запаметен како човек и политичар кој имал сериозни заслуги и придонеси во ослободувањето, создавањето, меѓународната етаблираност и развојот на Република Македонија. Неговите дела ќе останат запишани во македонската историја и во колективната меморија на нашиот народ и граѓаните на Република Македонија.

Нека му е вечна слава!

 

Претседател на Владата на

Република Македонија

 

Никола Груевски