Влада на Република Македонија: Граѓаните, институциите и политичките субјекти спроведоа фер и демократски избори

Граѓаните на Република Македонија извојуваа уште една победа за демократијата. Слободно, врз основа на слободното политичко убедување и на сопствената волја, излегоа на гласање на Локалните избори 2017 година, и го остварија своето уставно загарантирано право.

Во исто време, сите институции одговорни за спроведување на регуларни избори, беа на висината на нивните професионални задолженија и обврски, и ги реализираа сите неопходни активности за спроведување на изборите.

Владата на Република Македонија им упатува честитки на граѓаните, на политичките субјекти и на институциите на Република Македонија задолжени за спроведување на изборите, кои докажаа дека имаат неопходни и високи демократски капацитети да организираат услови за фер и демократски избори.