Премиерот Заев и Претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, д-р Звиздиќ, ќе остварат средба во Владата на РМ
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, утре, на 17 октомври, ќе оствари средба со Претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, д-р Денис Звиздиќ.
Премиерот Заев и Претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, д-р Звиздиќ, кои учествуваат на Самит 100 што денеска и утре се одржува во Скопје, средбата ќе ја остварат во Владата на Република Македонија во 10:00 часот, во придружба на други владини претставници на двете земји.
После средбата, на која ќе се разговара за билатерални прашања меѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина, како и за прашања од регионален интерес за граѓаните на двете земји, Премиерот Заев и Претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, д-р Звиздиќ, ќе одржат прес конференција во Медиа Центарот на Владата на РМ во 11:00 часот.