Заедничка седница на Владите на Република Македонија и на Република Бугарија на 23 ноември во Струмица

Претставниците на Владите на Република Македонија и на Република Бугарија по денешната средба едногласно се договорија на 23 овој месец во Струмица, да се одржи заедничка седница на обете Влади. На неа ќе се разговара на повеќе теми, а во фокусот на седницата ќе биде натамошното унапредување на добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија.

Дополнително, ќе бидат разгледани и договори за соработка меѓу двете земји во повеќе сектори. Меѓу владината седница ќе се заокружи со положување на цвеќе на споменикот на поранешниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски.