Телеграма со сочувство за трагичниот настан во Тексас, до Амбасадата на САД во Република Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија, во негово име, и во име на Владата на Република Македонија испрати телеграма со сочувство по повод трагичниот настан во Садрленд Спрингс, во државата Тексас, САД.
 
Во телеграмата се вели:
 
До народот на САД и до Претседателот Трамп,
 
Длабоко нè погоди безумниот чин за време на верска служба во Садрленд Спрингс, во државата Тексас.
 
Дозволете ми во мое име, и во името на Владата на Република Македонија, да изразам најискрено сочувство со семејствата на жртвите и со американскиот народ за трагедијата.
 
Зоран Заев
Претседател на Владата на Република Македонија