Министерство за здравство

 

Министерството за здравство ги врши работите што се однесуваат на:

  • здравствената заштита и здравственото осигурување на населението;
  • загаденоста на воздухот, водата, земјиштето и животните продукти;
  • организацијата и развојот на здравството;
  • следењето на здравствената состојба на населението;
  • заштитата на населението од заразни болести, од штетното влијание на гасовите, јонизирачките зрачења, бучавата, загаденоста на воздухот, водата и земјиштето;
  • прехранбените производи и предмети за општа употреба;
  • хигиено-епидемиолошката состојба;
  • лековите, помошните лековити средства, медицинските помагала, медицинската опрема, санитетските уреди и материјали;
  • отровите и опојните дроги;
  • надзорот од негова надлежност и
  • врши други работи утврдени со закон.

Министер: Венко Филипче

Адреса: „Водњанска“ бб, 1000 Скопје;

Tел: 02/3147-147, факс: 02/3113-014

Website: www.zdravstvo.gov.mk
Facebook: www.facebook.com/zdravstvomk
Twitter: www.twitter.com/ZdravstvoMK