Средба на министерот Ибраимоски со германскиот амбасадор г-дин Томас Герберих
Министерот за имплементација на Стратегијата за Роми и подбрување на состојбата на Ромите во Македонија, Самка Ибраимоски денес оствари средба со амбасадорот на Германија во Република Македонија.
На почетокот средбата Министерот Ибраимоски го запозна Амбасадорот со работата на неговиот кабинет притоа го истакна прашањето за Ромите повратници од азил и за нивна можна реинтеграција. Како приоритет Ибраимоски ги истакна домувањето и образованието како поголеми проблеми со која се соочува ромското население во Македонија.
Министерот Ибраимоски и амбасадорот Герберих истакнаа дека заедничката заложба за подобрувањето на состојбата на Ромите во Македонија е од голем национален интерес и за двете страни.