Шапуриќ и Рашковски остварија работна посета на Словенија
Министерот Зоран Шапуриќ и Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, на 7-ми и 8-ми декември беа во работна посета на Словенија. Таму тие имаа средби со министерката за труд, семејство, социјални работи и еднакви можности Ања Копач Мрак и министерката образование, наука и спорт Маја Маковец Бренчич. На средбите се разговараше за поддршката на овие министерства и другите институции на Словенија во процесите на усогласување на македонското законодавство со законодавството на Европската унија во повеќе области, како и за користење на словенечките искуства во евроинтеграциските процеси.
Исто така, беа изложени словенечките практики од проектот ,,Субвенционирање на студентски оброк” заради потребите од воведување на истиот во Република Македонија, како и за правната регулатива поврзана со овој проект, кој повеќе години успешно се применува во Словенија.
Министерките Копач-Мрак и Маковец-Бренчич изразија подготвеност за целосна поддршка на словенечките институции на Владата на Република Македонија за имплементација на словенечките практики и искуства во повеќе сфери и изразија поддршка на Владата предводена од премиерот Зоран Заев за спроведување на рефромските процеси.
За време на посетата Шапуриќ и Рашковски остварија и средби со претставници на повеќе други институции и организации на Словенија заради искористувење на словенечките искуства за воведување единствени регистри во повеќе области, како и со советникот на премиерот на словенечката влада Клемен Бабник.