Владата на Република Македонија денеска ја одржа својата редовна 45-та седница
Од 45-тата седница на Владата на РМ: Усвоени повеќе предлог-закони во правосудството, внатрешните работи и полицијата, и за безбедносните служби, како дел од Планот 3-6-9; Усвоена годишната програма на МРТ со забелешки за професионалноста за настаните од 27-ми април;
Владата на Република Македонија денеска ја одржа својата редовна, 45-та седница, со повеќе точки на дневниот ред од интерес на граѓаните.
На денешната седница се усвоени повеќе предлог-закони за измени и дополнувања на повеќе законски решенија кои се однесуваат на дел од легислативата во правосудството, внатрешните работи и полицијата, како и на регулативата за работата на безбедносните служби, како дел од итните реформи опфатени со Планот 3-6-9.
Согласно предвиденото, владата го разгледа и утврди Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за судовите. Донесувањето на овој закон има за цел да овозможи воведување на ефикасна контрола над работата на полицијата преку воспоставување на надворешен механизам. Со измените во законот ќе се овозможи Специјализираното судско одделение надлежно за судење на дела од областа на организираниот криминал и корупција за целата територија на Република Македонија во Основниот суд Скопје 1 во Скопје, да постапува по кривични предмети за кои, ново формираното Одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, во рамки на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, има надлежност да спроведува кривична истрага и гонење за кривични дела кои се однесуваат на членовите 2 и 3 од Европската конвенција за човекови права.
Министерство за правда го предложи, а владата го разгледа и усвои Предлог – законот за дополнување на Законот за извршување на санкциитe. Со предложените дополнувања на законот се овозможува највисока можна објективност на истрагите за пречекорувањата на затворската полиција, заради обезбедување на непристрасна оценка во заштита на човековиот дигнитет.
Владата го разгледа и утврди Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за јавното обвинителство. Со предложените измени и дополнувања на Законот за јавното обвинителство се врши формирање на посебно Одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, се предвидува неговата надлежност, формирањето на истражен центар, како и други прашања поврзани со ова посебно одделение.
На денешната седница Владата на РМ го разгледа и утврди Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за јавнообвинителска служба. Со предложените измени, кои произлегуваат од Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавното обвинителство и со кои се предлага во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да се формира посебно Одделението за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, се предвидува во ова одделение, покрај јавните обвинители, да бидат вработени и јавнообвинителски службеници кои ќе бидат на ниво В1 и со позиција на јавнообвинителски советник-истражител.
На денешната седница владата го утврди и Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за кривичната постапка. Целта на предложениот закон е надминување на постојните недостатоци во областа на посебните истражни мерки, кои беа лоцирани во извештаите на меѓународните организации, а посебно беа обработени во двата извештаи на експертската група на Прибе.
На денешната седница е утврден и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи, со кој се предвидува дополнување на веќе предвидените механизми за надворешна контрола врз работата на Министерството (од страна на Собранието и Народниот правобранител - како досега воспоставени механизми), со дополнителен механизам во вид на посебно известување до Одделението за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во точно определени случаи.
Во рамките на овој пакет предлози за измени и дополнувања, владата го разгледа и утврди Предлогот на закон за изменување на Законот за полиција со кој се предвидува ревидирање на одредбата на членот 81, со која се уредени конкретни аспекти во рамки на употребата на средствата за присилба од страна на полициските службеници.
Со усвојување на предложениот закон ќе се овозможи содржинско и нормативно-правно усогласување на одредбите од Законот за полиција со решенијата предвидени во Законот за внатрешни работи односно пакетот прописи чија цел е вопоставување надворешен механизам за контрола на полицијата.
Владата денеска го утврди новиот текст на Предлог - законот за следење на комуникациите.
Со предложениот закон се врши реализација на препораките на групата високи експерти за системски прашања од владеење на правото во врска со следењето на комуникациите, а со тоа и унапредување на законските решенија со цел нивна соодветна практична имплементација.
Со овој закон се уредуваат постапката за спроведување посебна истражна мерка: следење и снимање на телефонските и другите електронски комуникации; условите и постапката за спроведување на мерките за следење на комуникациите заради заштита на интересите на безбедноста и одбраната на државата; обврските за Оперативно - техничката агенција и операторите, како и надзорот и контролата над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите.
На денешната седница владата го утврди предлог законот за Оперативно-техничка агенција (ОТА), со одлука да го достави до Собранието на Република Македонија согласно член 137 од Деловникот на Собранието на Република Македонија.
Предлогот на закон за ОТА и неговото донесување произлегува од Планот за реализација на препораките на групата високи експерти за системски прашања од владеење на правото во врска со следењето на комуникациите (2015), како една од клучните активности во процесот воспоставување правна рамка чија цел ќе биде имплементација на национален модел во предметната област со кој ќе се овозможи реализација на препораките на гореспоменатата група високи експерти.
Со Законот за Оперативно-техничка агенција се уредува основањето на Оперативно-техничка агенција, надлежностите, раководењето, правата и обврските од работен однос на работниците во агенцијата, и стручниот надзор што Оперативно-техничката агенција го врши над работата на операторите и нејзиното финансирање.
На оваа седница е утврден и Предлог - закон за изменување и дополнувања на Законот за електронските комуникации.
Со предложениот закон се врши реализација на препораките на групата високи експерти за системски прашања од владеење на правото во врска со следењето на комуникациите, а со тоа и унапредување на законските решенија со цел нивна соодветна практична имплементација.
Предлог законот за измени и дополнувања на Законот за електронските комуникации се заснова врз начелото за заштита на моралниот интегритет и почитување на човековите слободи и права утврдени со устав, закон и ратификувани меѓународни договори.
Владата денеска го утврди и Предлог - законот за дополнување на Законот за класифицирани информации. Ова предлог-законско решение произлегува од Планот за реализација на препораките на групата високи експерти за системски прашања од владеењето на правото во врска со следењето на комуникациите (2015), и овозможува постапката за безбедносна проверка од трет степен за лицата назначени во надзорните тела кои вршат надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите, како и за ангажираните акредитирани национални и меѓународни технички експерти од тие тела, согласно Законот за следење на комуникациите, да трае еден месец од денот на поднесување на барањето.
Со овој Предлог на закон се предвидува и безбедносна проверка од втор степен за лицата пред засновање на работен однос во Оперативно – техничката агенција, согласно Законот за Оперативно – техничка агенција, да трае еден месец од денот на поднесувањето на барањето.
Владата ја разгледа и усвои Информацијата за пристапување на Република Македонија кон глобалното партнерство „Global Deal“ и да го задолжи Министерството за труд и социјална политика во рок од 5 дена од усвојувањето на оваа информација да ја спроведе постапката за пристапување на Република Македонија во глобалното партнерство „Global Deal“.
Целта на партнерството е изнаоѓање на заеднички решенија и заедничко справување со предизвиците од глобалниот пазар на труд, обезбедувајќи им на сите да имаат придобивки од глобализацијата. Партнерството претставува здружување на различни засегнати страни во линија со Целта 17 („партнерство за цели“) од Агендата за одржлив развој до 2030 година на ООН, но во линија и со Целта 8 за пристојна работа и инклузивен развој, како и Целта 10 за нееднаквостите.
Владата на РМ денеска ја утврди Предлог-одлука за усвојување на Годишната програма за работа на ЈРП Македонска радио телевизија за 2018 година и Предлог-одлука за одобрување на Финансиски план за 2018 година на Македонската радио телевизија. Оваа одлука е придружена со мислењето на владата во кое се истакнува дека ненавременото ставање на Годишната програма за работа на МРТ не е објавена согласно законот, го попречило обезбедувањето на влијание на јавноста врз вкупното работење на јавниот сервис, како и дека МРТ ги прекршила сопствените професионални принципи за сеопфатно информирање на јавноста со прекинот на директниот пренос од Собранието на Република Македонија на 27 април.
Владата на Република Македонија го разгледа и усвои Извештајот за спроведување на Законот за субвенционирање на станбен кредит, со Предлог - одлука за времетраењето на јавниот повик и бројот на јавни повици за пријавување на граѓани за добивање субвенциониран станбен кредит во 2018 година. Со донесување на оваа одлука, и во 2018 година ќе им се овозможи на граѓаните по поволни услови да дојдат до сопствен дом.
Владата на Република Македонија ја разгледа и ја усвои Информацијата за потребата од основање нова Национална установа „Анасамбл за албански народни ора и песни во Република Македонија“- Скопје и го задолжи Министерството за култура во рок од 30 дена да подготви и до Владата на Република Македонија да достави одлука за основање Национална установа „Анасамбл за албански народни ора и песни во Република Македонија“.
Nga seanca e 45-të e Qeverisë së Republikës së Maqedonisë: Të miratuara më shumë propozim-ligje në jurisprudencën, punët e brendshme dhe në polici, edhe në shërbimet e sigurisë, si pjesë e Planit 3-6-9; I miratuar programi vjetor i RTVM-së me vërejtje për profesionalizmin e ngjarjeve të 27 prillit
Qeveria e Republikës së Maqedonisë dje e mbajti seancën e saj të rregullt të 45-të me më shumë pika në rendin e ditës, në interes të qytetarëve.
Në seancën e djeshme janë të miratuara më shumë propozim-ligje për ndryshime dhe plotësime të më shume vendime ligjore të lidhura me pjesën e legjislacionit të jurisprudencës, punët e brendshme dhe të policisë, si dhe për rregulloren për punë të shërbimeve të sigurisë, si pjesë nga reformat urgjente të përfshirë me Planin 3-6-9.
Në pajtim me parashikimet, Qeveria e shqyrtoi dhe e përcaktoi Propozim -ligjin për ndryshime dhe plotësime të Ligjit për Gjykatat. Miratimi i këtij ligj ka për qëllim të mundësojë kontrollim efektiv mbi punën e policisë përmes krijimit të një mekanizëm të jashtëm. Me ndryshimet e Ligjit do ti mundësohet Repartit të specializuar gjyqësor, kompetent për gjykim të veprave nga fusha e krimit të organizuar dhe korrupsionit në tërë territorin e Republikës së Maqedonisë në Gjykatën Themelore 1 Shkup në Shkup, të veprojë mbi rastet penale për të cilat Reparti i sapoformuar për hetime dhe ndjekje të veprave penale të krimeve të kryera nga personat me autorizime policore dhe anëtarë e policisë së burgjeve, në kuadër të Prokurorisë Themelore Publike për krim të organizuar dhe korrupsion, ka autorizim të zbatojë hetim penal dhe ndjekje të veprave penale në lidhje me nenet 2 dhe 3 të Konventës Evropiane për të Drejtat e Njeriut.
Ministria e Drejtësisë e propozoi, kurse Qeveria e shqyrtoi dhe miratoi Propozim-ligjin për ndryshime dhe plotësime të Ligjit për Kryerjen e sanksioneve. Me plotësimet e propozuara të Ligjit mundësohet objektivitet më i lartë i mundshëm i hetimeve për tejkalimet e policisë së burgjeve, me qëllim që të sigurohet vlerësim i paanshëm në mbrojtjen e dinjitetit njerëzor.
Qeveria e shqyrtoi dhe miratoi Propozim-ligjin për ndryshime dhe plotësime të Ligjit për Prokurorinë Publike. Me ndryshimet dhe plotësimet e propozuara në Ligjin për Prokurorinë Publike bëhet formimi i Repartit të veçantë për hetime dhe ndjekje të veprave penale të kryera nga personat me autorizime policore dhe anëtarë të policisë së burgjeve, parashikohet kompetenca e tij, formimi i një qendre hetimi, si dhe çështje të tjera të ndërlidhura me këtë Repart të veçantë.
Në seancën e djeshme, Qeveria e RM-së e shqyrtoi dhe e përcaktoi Propozim-ligjin për ndryshime dhe plotësime të Ligjit për Shërbimin e prokurorëve publike. Me ndryshimet të propozuara, të cilat dalin nga Propozim-ligji për ndryshime dhe plotësime të Ligjit për Prokurorinë Publike dhe me të cilat propozohen në Prokurorinë Themelore Publike për ndjekje të krimit të organizuar dhe korrupsionit të formohet një Repart i veçantë për hetim dhe ndjekje të veprave penale të kryera nga personat me autorizime policore dhe anëtarët e policisë së burgjeve, parashikohet në këtë repart, përveç prokurorëve publike, të jenë të punësuar edhe nëpunës të prokurorisë publike që do të jenë në nivel B1 dhe me pozitë këshilltar –hetues i prokurorisë publike.
Në seancën e djeshme, Qeveria e përcaktoi edhe Propozim-ligjin për ndryshime dhe plotësime të Ligjit për Procedurën penale. Qëllimi i Ligjit të propozuar është tejkalimi i mungesave ekzistuese në fushën e masave të posaçme hetimore, të cilat ishin të vendosura në raportet e organizatave ndërkombëtare, dhe veçanërisht ishin të përpunuara në dy raportet e grupit të ekspertëve të Pribes.
Në seancën e djeshme është i përcaktuar edhe Propozim-ligj për ndryshime dhe plotësime të Ligjit për punë të brendshme, me të cilin parashikohet plotësimi i mekanizmave të parashikuara për përdorim i kontrollit të jashtëm mbi punën e Ministrisë (nga ana e Kuvendit dhe Avokatit të Popullit – si mekanizma ekzistuese,si mekanizma të përcaktuar deri më tani), me një mekanizëm shtesë në formë të një njoftimi të veçantë deri te Reparti për hetim dhe ndjekje penale të veprave të kryera nga personat me autorizime policore dhe anëtarët e policisë së burgjeve në Prokurorinë Themelore Publike për ndjekje të krimit të organizuar dhe korrupsionit, në raste të përcaktuara në mënyrën konkrete.
Në kuadrin e kësaj pakoje propozimesh për ndryshime dhe plotësime, Qeveria e shqyrtoi dhe e përcaktoi Propozim-ligjin për ndryshime dhe plotësime të Ligjit për polici, me të cilin parashikohet rishikimi i dispozitës së nenit 81, me të cilin janë të rregulluara aspekte konkrete të përdorimit të mjeteve të shtrëngimit nga nëpunësit policor.
Me miratimin e Ligjit të propozuar do të mundësohet harmonizim normativ-ligjor të dispozitave të Ligjit për Polici me vendimet e parashikuara në Ligjin për Punë të Brendshme, përkatësisht pakoja e rregulloreve që ka për qëllim krijimin e një mekanizmi të jashtëm për kontrollim të policisë.
Qeveria dje e përcaktoi tekstin e ri të Propozim-Ligjit për ndjekje të komunikimeve. Me Ligjin e propozuar kryhet realizimi i rekomandimeve të grupit të ekspertëve të lartë për çështje sistemike nga sundimi i të drejtës në lidhje me ndjekjen e komunikimeve, dhe kështu avancohen edhe vendimet ligjore me qëllim implementimin e tyre përkatës praktik.
Me këtë ligj rregullohet procedura për zbatimin e masës së veçantë hetimore: ndjekje dhe inçizimi i komunikimeve telefonike dhe komunikimeve elektronike të tjera; kushtet dhe procedura për zbatimin e masave për ndjekje të komunikimeve me qëllim të mbrojtjes së interesave të sigurimit dhe mbrojtjes së shtetit; obligimet për Agjencinë tekniko-operative dhe operatorët, si dhe mbikëqyrja dhe kontrollimi mbi zbatimin e masave të ndjekjes së komunikimeve.
Në seancën e djeshme Qeveria e përcaktoi Propozim-ligjin për Agjenci teknike- operative (ATO), me vendim për ta dorëzuar atë në Kuvendin e Republikës së Maqedonisë në përputhje me nenin 137 të Rregullores së Punës së Kuvendit të Republikës së Maqedonisë.
Propozimi i Ligjit të ATO-s dhe miratimit të tij dalin nga Plani për realizimin e rekomandimeve të grupit të ekspertëve të lartë për çështje sistemike nga sundimi i të drejtës në lidhje me ndjekjen e komunikimeve (2015), si një nga aktivitete kryesore në procesin e krijimit të një kornize juridike që do të ketë për qëllim implementimin e një modeli kombëtar në fushën e lëndës me të cili do të mundësohet realizimi i rekomandimeve të grupit të lartpërmendur të ekspertëve të lartë.
Me Ligjin për Agjencinë tekniko-operative rregullohet themelimi i Agjencisë tekniko-operative, kompetencat, menaxhimi, të drejtat dhe obligimet nga marrëdhënia e punës së punonjësve në agjencinë, si dhe mbikëqyrjen profesionale që Agjencia tekniko-operative e kryen mbi punën e operatorëve dhe financimin e saj.
Në këtë seancë është i miratuar dhe Propozim-ligji për ndryshime dhe plotësime të Ligjit për komunikimet elektronike. Me ligjin e propozuar bëhet realizim i rekomandimeve të grupit të ekspertëve të lartë për çështje sistemike nga sundimi i të drejtës në lidhje me ndjekjen e komunikimeve, dhe kështu avancohen edhe vendimet ligjore me qëllim implementimin e tyre përkatës praktik.
Propozim-ligji për ndryshime dhe plotësime të Ligjit për komunikimet elektronike bazohet në parimin e mbrojtjes së integritetit moral dhe respektimit të lirive dhe të drejtat e njeriut të përcaktuara me kushtetutë, ligj dhe marrëveshje ndërkombëtare të ratifikuara.
Qeveria dje e përcaktoi Propozim-ligjin për plotësime të Ligjit për informacione të klasifikuara. Ky propozim-ligj del nga Plani për realizimin e rekomandimeve të grupit të ekspertëve të lartë për çështje sistemike nga sundimi i të drejtës në lidhje me ndjekjen e komunikimeve (2015), dhe mundëson procedura për verifikimin e sigurimit të nivelit të tretë të personave të emëruar në organet mbikëqyrëse që kryejnë mbikëqyrje mbi zbatimin e masave për ndjekjen e komunikimeve, si dhe për ekspertët të angazhuar, të akredituar, kombëtarë dhe ndërkombëtarë, teknike nga ato trupa, në përputhje me Ligjin për ndjekje të komunikimeve, të zgjasë një muaj nga dita e dorëzimit të kërkesës.
Me këtë Propozim-ligj parashikohet verifikim i sigurisë së nivelit të dytë për personat para se të fillojnë me marrëdhënie pune në Agjencinë tekniko operative, në pajtim me Ligjin e Agjencisë tekniko operative, të zgjasë një muaj nga data e kërkesës së dorëzuar.
Qeveria e shqyrtoi dhe e miratoi Informacionin për qasjen e Republikës së Maqedonisë drejt partneritetit global “Global Deal” dhe e detyroi Ministrinë e Punës dhe Politikës Sociale në afat prej pesë ditësh nga miratimi i këtij informacioni ta zbatojë procedurën e qasjes së Republikës së Maqedonisë në partneritetin global “Global Deal”.
Qëllimi i partneritetit është gjetja e zgjidhjeve të përbashkëta dhe ballafaqimi i përbashkët me sfidat e tregut global të punës, duke u siguruar të gjithëve të kenë përfitim nga globalizimi. Partneriteti paraqet shoqërim të palëve të prekura, të ndryshme në linjë me Qëllimin 17 (“ partneritet për qëllime”) nga Agjenda për zhvillim të qëndrueshëm deri në vitin 2030 të OKB, por në linjë edhe me Qëllimin 8 për punë të denjë dhe zhvillim inkluziv, si dhe Qëllimi 10 për pabarazitë.
Qeveria e RM-së dje përcaktoi Propozim-vendimin për miratim të Programit vjetor për punë të Radio Televizionit të Maqedonisë (RTVM), për vitin 2018 dhe Propozim –vendimin për miratim të Planit financiar për vitin 2018 të RTVM-së. Ky vendim është i shoqëruar me mendimin e Qeverisë në të cilin theksohet se vendosja e vonuar e Programit vjetor për punën e RTVM-së nuk është e publikuar në pajtim me ligjin,ka penguar sigurimin e ndikimit të publikut mbi punën e përgjithshme të shërbimit publik, si që RTVM i ka shkelur parimet e veta profesionale për informim të përgjithshëm të publikut me ndërprerjen e transmetimit të drejtpërdrejtë të Kuvendit të Republikës së Maqedonisë më 27 prill.
Qeveria e Republikës së Maqedonisë e shqyrtoi dhe e miratoi Raportin për zbatimin e ligjit për subvencionim të kredis banesorë me Propozim-vendim për kohëzgjatjen e thirrjes publike dhe numrin e thirrjeve publike për paraqitjen e qytetarëve për marrjen e subvencioneve për kredi banesore në vitin 2018. Me sjelljen e këtij vendimi edhe në vitin 2018 do tu mundësohet qytetarëve me kushte të volitshme të arrijnë deri te shtëpia personale.
Qeveria e Republikës së Maqedonisë e shqyrtoi dhe e miratoi informacionin për nevojën e themelimit të një institucioni të ri kombëtarë “Ansambël për valle dhe këngë popullore shqiptare në Republikën e Maqedonisë” Shkup dhe e detyroi Ministrinë e Kulturës në afat prej 30 ditësh të përgatisë dhe deri te Qeveria e Republikës së Maqedonisë të dorëzojë vendim për themelimin e një Institucioni Kombëtarë ”Ansambël për valle dhe këngë popullore shqiptare në Republikën e Maqedonisë” .