Владата на Република Македонија упати покана за средба со претставници на КСС
Владата на Република Македонија ја информира јавноста дека утрово (12.1.2018), преку кабинетот на вицепремиерката Шекеринска, електронски и телефонски упати покана за средба со претставници на Конфедерација на слободни синдикати (КСС).
Поканата е за состанок на 16.01.2018 година (вторник) во 11.00 часот, во просториите на Владата на Република Македонија, на којашто заеднички ќе се разгледаат и ќе се дискутираат решенија за сите отворени прашања.
Владата на Република Македонија останува отворена за дијалог и продолжува посветено да работи на обезбедување, заштита и почитување на работничките права, како и на унапредување на животниот стандард на работниците.