Посета на министерот Шапуриќ на општина Виница
Вчера, министерот за подобрување на инвестициска клима за домашните компании проф д-р. Зоран Шапуриќ оствари средба со градоначалникот на општина Виница Ивица Димитров. Тие разговараа за првте 100 дена од работата на градоначалникот и новата локална власт, со посебен акцент на локален економски развој, идни планови на општината и подобрување на инфраструктурата.
Исто така, посетена беше и компанијата Макпрогрес, една од водечките компании во областа на прехранбена индустрија во Македонија. Министерот Шапуриќ, беше запознаен со производствениот капацитет на оваа компанија и плановите за натамошен развој во истиот поради зголемениот извоз, во 55 земји. Притоа, му беше изразено задоволство од мерките кои ги донесе Владата за поддршка на домашните компании.
Потоа, во взаемен разговор беа разменети идеи, мерки и разни мислења за раздвижување на бизнис климата.