Реакција на Владата на Република Македонија за соопштението од Македонската медиумска асоцијација
По информациите објавени во вчерашното соопштение од страна на Македонската медиумска асоцијација, Владата на Република Македонија ја информира јавноста дека не е надлежна институција за да утврдува дали постои недозволена медиумска концентрација во оваа индустрија во земјава.