Од ноќеска со биометриски лични карти во Србија
Од ноќеска на полноќ, стапи на сила новиот режим на минување на границата помеѓу Република Македонија и Република Србија наменет за државјаните на двете земји, кој предвидува освен со важечка патна исправа, лицата да можат да патуваат и со биометриски лични карти.
На вчерашниот состанок меѓу претставници на двете гранични полиции, како што соопшти МВР, беа договорени и мерките кои ќе се преземаат за излегување во пресрет на македонските државјани кои ќе патуваат за претстојното Европско првенство во ракомет.
Со мерките е предвидено отворање на три дополнителни ленти за излез од Македонија, како и на дополнителни ленти за влез од српска страна.